11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев-Коста: Португалија ја поддржува Македонија за членството во ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев се сретна со премиерот на Португалија Антонио Коста во рамките на работната посета на оваа земја, како прва на ниво на премиери на двете земји.

„Премиерот Заев ја оцени средбата како одлична можност за поттикнување на можностите за унапредување на односите меѓу Република Македонија и Република Португалија на највисоко ниво, и го покани португалскиот премиер Коста во официјална посета на нашата земја. Двајцата премиери имаат заеднички став дека застапуваат идентични интереси на двете земји и кога станува збор за некои од глобалните, европските и регионалните прашања. Во таа насока, премиерот Заев го информираше својот колега од Владата на Република Португалија за актуелниот момент на односите на Република Македонија со соседите и со другите земји од Западен Балкан, и го нагласи позитивниот и активен пристап на нашата земја во унапредувањето на односите со секоја земја од регионот одделно“, соопштија од Владата.

Во таа насока, премиерот Заев информирал за резултатите од договорите со Република Бугарија, и посебно со Република Грција во однос на прашањето за името, и го истакнал позитивниот развој кој ги направи реални можностите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Португалскиот премиер Коста изразил безрезервна поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ, и ја охрабрил целосната имплементација на Договорот од Преспа, како клучен предуслов за тоа.

Двајцата соговорници се согласиле дека е неопходно зајакнување на економските врски меѓу двете и да поттикнат балансирање на трговската размена. На средбата, Заев и Коста се согласиле дека треба да се охрабри и парламентарната соработка меѓу двете земји.

Спонзорирано: