9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата изврши претрес : Уапсени татко и малолетен син

Вчера во периодот од 15:50 до 17:40 часот во село Сенце-гостиварско, по претходна наредба од Основен Суд-Гостивар, во присуство на работник од Центарот за социјални работи-Гостивар извршен бил претрес во куќа во која живеел 16- годишен малолетник.

При претресот пронајдени биле и одземени: пушка “Црвена застава“(карабин) со монтиран дурбин, метален нож, две ловечки расклопени пушки и една расклопена малокалибарска пушка, батериска ламба, двоглед и моторна пила. Пронајдените предмети се фотодокументирани и одземени за вештачење, а постојат основи на сомнение дека потекнуваат од извршени кражби. Малолетникот и неговиот татко И.М.(66) се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

По целосното расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Спонзорирано: