11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема трагедија: Јана отишла на операција бидејќи ја исмејувале, а потоа починала

Белгијката Јана Моралес (25) во октомври отишла на операција за намалување на желудникот, бидејќи сите ѝ се потсмевале за дебелината. Единствен можен излез за ваквата ситуација видела во операција, која ја платила со живот.

Само две недели после зафатот, добила болки во грбот, а бидејќи аналгетиците не ѝ помагале, побарала совет од доктор, кој не можел да ја открие причината. Болката била се посилна, па Јана во ноември е примена во болница, каде повторно ја прегледувале.

Резултатот бил поразувачки, добила белодробна емболија и инфаркт на белите дробови, а дел од ткивото веќе изумирал. После тоа ѝ откажал и црниот дроб, па паднала во кома.

Таа добила и донатор, односно ѝ бил трансплантиран црниот дроб, но телото го отфрлил.

-Четири денови подоцна, лекарите установиле дека има воспаление на стомачната шуплина како последица на намалувањето на желудникот. Повторно ја оперирале – вели нејзината мајка.

Јана Моралес починала на 24. ноември, на денот кога планирала да избере венчаница. Таа и нејзиното момче планирале да се венчаат следното лето.

-Сите треба добро да размислат пред да одат под нож. Треба да се прифатиме себеси онакви какви што сме и не смееме да дозволиме околината да влија на нас – предупредил таткото на Јана.

Спонзорирано: