9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во нереди во Грција приведени повеќе од 100 луѓе

Грчките власти соопштија дека повеќе од 100 луѓе беа приведени за време на нередите во Атина и Солун по протестите на неколку стотици млади луѓе во главниот град во знак на еќавање на тинејџерот Александар Григоропулос, кој беше убиен од страна на полицијата пред 10 години.

Полицијата објави дека 66 лица беа приведени во Атина за време на насилството што се случи вчера попладне, од кои 13 беа уапсени. Уште 15 лица беа уапсени во Солун откако 52 лица беа приведени.

Во Атина демонстрантите ги палеа барикадите и гаѓаа во полицијата со петарди, камења и средства за огномет, а полицијата одговори со солзавец, шок-бомби и водни топови.

Смртта на 15-годишниот Алексис Григоропулос на 6 декември 2008 година ги предизвика најголемите нереди во Грција во последните неколку децении, а насилството се прошири и во другите градови во земја. Протестите траеја две недели.

Спонзорирано: