Драстичен пад на температурите и снег – временска прогноза за наредните денови

Претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а по одделни котлини ќе има појава на магла.

Под влијание на нов влажен бран кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад.

Потоа поради спуштање на постуден воздух од север, од недела вечер на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а услови за снег ќе има и на некои пониски места.