Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Возачи во Романија под истрага, краделе бензин од возилата на брзата помош
16 возачи на брзата помош во Романија се под истрага бидејќи се осомничени за крадење бензин од возилата, што можело да доведе до смрт на осум пациенти.
Обвинителот Маријан Сорин Лија рече дека возачите од градот Корабија, на југот на земјата, биле осомничени за кражба на бензин од 2013 до 2015 година.
Тие, како што соопштија властите, за време на итните случаи возеле побавно со возилата со цел да потрошат што е можно помалку бензин. Исто така, тие се под истрага за злоупотреба и лажно сведочење.
Романскиот обвинител изјави дека можеби постои можност нивните дејства да имаат врска со осум смртни случаи додека полека возеле до болниците.
Возачите се суспендирани додека истрагата е во тек, објави агенцијата АП.
Романската министерка за здравство, Сорина Пинтеа, рече дека е „премногу рано” да се каже дека ова кривично дело довело до смрт на пациентите.