Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Утрово тажна вест: Почина екс-претседателот на макеоднското Собрание, Љубиша Георгиевски
Утринава, на 81-годишна возраст, почина режисерот и драмски писател Љубиша Гоергиевски, објави на „Фејсбук“ поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски.
„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.
Љубиша Георгиевски беше роден во Битола. Тој беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар, беше претседателски кандидат во 1994, амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).