18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресврт на судењето за крвавиот четврток – “27 април беше управуван од штабот на ВМРО-ДПМНЕ”, обвини Нинџа

Попладнето на 27 април 2017 година обвинетиот Александар Василевски-Нинџа контактирал со двајцата поранешни шефови на УБК, Сашо Мијалков и Владимир Атанасовски, а попладнето заминал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од каде што, како што тврди, се давале насоки и биле координирани активностите за упадот во Собранието.

„Ситуацијата околу 15 април почна да зоврива, се скандираше против тиранска платформа, против двојазичност. Говорите константно беа потпалувачки. Дојде 27 април, некаде околу 12 и 30 часот ми се јави Владимир Атанасовски и ме извести да бидам во Скопје бидејќи на репродукција имало оперативни сознанија дека тогашната опозиција спрема нешто. Ми даде насока дека ќе ми се јави Никола Бошкоски Прскач. Од сабајле бев со лицето Дејан Давидовски во Катланово, потоа во Ѓорче Петров. На враќање ми се јави Веле Петрушевски да се видиме, му кажав да дојде во ‘Дион’. Таму беа Михаил Младеновски, Стефан Младеновски, Никола Митревски Кољо. Атанасовски околу 16 часот повторно ми се јави и ми кажа дека тој ден СДСМ ќе сакаат да изберат претседател на Собрание. За следење на состојбата го известил и Јане Ченто и ни рече дека треба да бидеме на стенд бај. Во 17 и 40 ми се јави организациониот секретар на ВМРО Спире Ристевски и ме повика да отидам во штаб. Во тој момент имав контакт и со Сашо Мијалков кој ми рече да отидам во база“, рече Нинџа на денешното рочиште за 27 април.

Околу 18 часот и 10, продолжи обвинетиот, влегов во штабот на ВМРО преку гаражата, се качив на осмиот кат, но Сашо Мијалков не беше таму.

„Таму беше командно оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, тука беа Биљана Бришковска, Миле Јанакиески, Митко Чавков, Спире Ристевски. Имаше пуштено телевизија ‘Нова’, на вести се пратеше протестот и сите разговараа на телефон. Како се движеше толпата така се издаваа наредби. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски кој ѝ даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Спире Ристовски комуницираа со Бетмен. Божиновски ги викаше сите општински комитети од цела Македонија најитно да дојдат во Скопје. Чавков лично го слушнав имаше комуникација со Митко Пешов. За кратко време дојде и директорот на УБК Владимир Атанасовски. Од таму се координираше сето тоа што се случи на 27 април. Како доаѓаше масата така наредбите беа подиректни“, тврди Нинџа.

Како што рече, Бришковска рекла дека во првото сценарио пратениците не ја завршиле својата работа, немало инцидент, не се степале. Потоа му се јавила на Вељаноски да се отворат вратите од Собранието.

„Директорот Владимир Атанасовски тогаш ме извести да излезам на терен. Кога стигнав луѓето беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница и ја надгледувавме ситуацијата. Со мене беше Веле Петрушевски. Во тоа време мобилниот ми се исклучи. Од кај Веле му свртевме на Кољо кој ни кажа дека внатре е хаос и дека луѓето почнале да тепаат пратеници“, рече Нинџа.

Оваа вистина, додаде тој, што ја видов на 8. спрат само јас ја знаев, никој друг. (Макфакс)

Спонзорирано: