10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два американски авиони паднаа во морето кај Јапонија

Авио-цистерна и ловечки авион на американските маринци се урнаа во близина на брегот на Јапонија, при што се пронајдени две лица, а петмина се водат како исчезнати.

Од Маринскиот корпус на Соединетите Американски Држави соопштија дека инцидентот се случил во 2 часот изутрина по локално време, додека авио-цистерна ,,Lokid martin” KC-130 и ловечки авион ,,Mekdonel Daglas” F/A-18 учествувале во рутинска тренажна мисија за дополнување на гориво за време на лет.

Во соопштението се наведува дека авионите паднале на околу 320 километри од брегот на Јапонија, а тамошните официјални лица изјавиле дека инцидентот се случил на околу 100 километри од јапонскиот брег, каде се пронајдени двајцата пилоти.

Во авио-цистерната имало петмина членови на екипажот, додека во ловецот имало двајца.Не е позната причината за падот на двата авиони. Отворена е истрага. Се трага и по исчезнатите членови на екипажите.

Спонзорирано: