12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Жолт снег ја затрупа земјата

Некои делови од северозападна Кина се прекриени од жолт снег, феномен кој, според објаснувањето на метеоролозите е резултат на мешањето на снегот со пеосочна бура.

Снегот кој создаде наноси во висина од 10 до 20 сантиметри, паднал во саботата во неколку градови, а жителите на социјалните мрежи споделија фотогарфии и снимки од овој природен феномен.

Граѓаните забележале дека површината на снегот е прекриена со слој од песок, под кој снегот бил бел, па го споредија со тирамису.

Метеоролог за кинеската агенција „Ксинхуа“ појаснил дека станува збор за мешање на снегот со песочна бура.

„Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветришта. Во областа Карамај забележана е и песочна бура. Моќни ветрови го донесоа песокот кон градовите, вклучувајќи ги и Урумчи и Шаџи. Поради ниските температури, песокот падна заедно со снегот“, рече тој.

Спонзорирано: