15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски пред Владата: Ќе дехидрираат од плукање по мене, а државата ја водат во пропаст

„Ќе дехидрираат од плукање по мене, а притоа не гледаат дека државата пропаѓа, народот си оди, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестниот марш пред Владата.

Тука сме да го изразиме нашето незадоволство од оваа Влада. Сакам да ви се заблагодарам вам, на најхрабрите, кои и оваа и секоја наредна среда, и секој четврток, и секој петок ќе ни се придружувате тука, пред платото на Влада“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додека насобраните граѓани скандираа „Христијан… Христијан…“

„Заедно да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори. Без око да им трепне, тие го менуваат името на државата. Нека излезе човекот што беше предводник на оваа операција, човекот што се храни од овие граѓани, човекот што ги користи сите привилегии, тој човек кој го нарече овој народ искомплексиран. Не господине Димитров, ние не сме искомплексирани. Излезете и јавно извинете се“, изјави Мицкоски.

И додаде дека скапо ќе платат на следните парламентарни избори.

За време на говорот на Мицкоски граѓаните скандираа „Оставка, оставка“.

Оваа власт удри по секого, по секој граѓанин, го замајуваат народот со монтирани политички процеси, но ние сме тука да кренеме глас против кацарска-судството, против русковска-обинителството, додаде Мицкоски во својот говор.

„Сакате да монтирате случаи повторно. Сакате повторно да ги уценувате и обвинителите и судовите. Сакате сите да судат по принципот на „Кацарска судството“. Сакате сите да обвинуваат по принципот на „Рускоска обвинителство“. Едно да ви порачам не се тие двете толку храбри, ќе дојде денот кога ќе ви го завртат грбот. И кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки, за сите уцени кои што им ги правите преку вашите адвокати. И тоа нема да ви го прости овој народ овде. Но и оној народ што е дома“, рече Мицкоски.

Малку е што сакаат да ни ги земат јазикот, идентитетот, сега удрија и по лебот, ни го поскапуваат. Чиста вода нема никаде, воздухот е загаден, луѓето сиромашни и обесправени. Ќе дојде денот кога ќе платат и за лебот и за водата“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека згора на тоа нè убедуваат дека црното е бело.

„Ќе протестираме против, според мене, ова гнило политичко мочуриште во кое гнијат овие политичари“, рече Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните храбро да се придружат во помасовен број за да ги избркаат, како што рече, од узурпираните фотелји и, како што рече, да дадат шанса за победа, за да изгрее зора за сите.

Вети дека ќе работи чесно и трипати повеќе за да ја истуркаат државата на правиот пат.

Габриела Димковиќ-Мишевска

(Макфакс)

Спонзорирано: