9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Вечерње новости“: ЦИА им испраќа оружје на Албанците за дa го преземат северот на Косово

Брод со контејнери полни со најново вооружување за потребите на опремување на таканаречената косовска војска моментно е на пат преку Атлантикот до пристаништето Драч во Албанија, од каде што опасниот товар ќе биде однесен до базата на косовските безбедносни сили, пишува „Вечерње новости“ повикувајќи се на податоци до кои дошле српските безбедносни служби.

Весникот дополнува дека овој конспиративен аранжман е во склоп на мрачното сценарио на Приштина за преземање контрола над северниот дел на покраината. Освен тоа, косовската тајна служба во Јужна Митровица им поделила автоматски пушки на некои од поранешните и актуелните соработници, како и на другите лица од државните институции кои се обучени да ги користат. Зад оваа опасна игра, како што додава весникот, стои Америка, која се совпаѓа со плановите на приштинските власти кои имаат намера на 14 декември, со кршење на договорот, да формираат војска на Косово.

Според наводите, идејата за воведување дополнителни даноци за стоката од централна Србија дошла токму од Вашингтон.

Спонзорирано: