11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена лажната прва дама на Нигерија

Една жена беше уапсена во Нигерија, која промени различни идентитети за да може да влезе во претседателскиот комплекс на згради и да работи таму на бизнис-измами, објави „Би-би-си“.

Нигериската тајна служба соопшти дека Амина Мохамед се претставувала како прва дама на нигериската сојузна држава Коги со цел да влезе во претседателската вила која се наоѓа во Абуџа, главниот град на Нигерија.

Потоа таа, наводно, ги канела луѓето во вилата и се претставувала како жена на нигерискиот претседател.
На прес-конференцијата на која владата објави детали за апсењето на Амина Мохамед, таа изјави дека сето тоа е лага и дека таа не е виновна.

Петар Афуњана, портпарол на нигериската тајна служба (ДСС), за новинарите изјави дека Амина Мохамед во 2017 година лажно се претставувала како сопруга на претседателот, додека вистинската прва дама Ајша Бухари била надвор од земјата.

Еден богат бизнисмен Александар Чика Окафор ја обвини Амина Мохамед дека за време на неговиот престој во претседателската вила го измамила за 414.000 долари (363.600 евра), бидејќи со него склучила незаконски договор за купување недвижен имот во градот Лагос, најголемиот град на Нигерија.

Новинарот на „Би-би-си“ Ишаг Калид коментираше дека бил изненаден од можноста за таква измама, бидејќи се знае дека претседателскиот комплекс го штити полицијата и ДСС, и дека сите работници на комплексот мора да имаат карти со биометриски податоци.

Спонзорирано: