Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Тројца лекари го прогласиле за мртов, ној тој „се разбудил“ пред обдукција
Гонзало Монтоја, 29-годишен затвореник кој во неодамна е прогласен за мртов, и тоа од дури тројца лекари, се наоѓаше на одделот за интензивна нега во болница во Хихон откако се „разбудил“ точно пред почетокот на обдукцијата.
Како дошло до грешката, се уште се истражува, но се зборува дека Гонзало е пронајден во затворска ќелија во бесвесна состојба, па бил „спакуван“ во црна вреќа откако го прегледале двајца затворски лекари.
Дека е „мртов“, кратко потоа потпишал и нивниот колега кој го испратил судот, меѓутоа, забуна во последен час забележал обдукцискиот патолог кој само што не започнал со утврдување на причината за смртта.
Патологот забележал дека Гонзало отежнато дише, па за сè ги известил лекарите кои мажот го префрлиле во болница на интензивна нега.
Иако не е соопштено која е причината за болеста, шпанските медуми пренесоа дека состојбата му е стабилна како и дека покрај него се наоѓаат членовите на семејството кои претходно биле известени дека починал.
Засега се нагаѓа дека станува збор за нов случај каталепсија, односно дека дошло до забуна бидејќи телото на пациентот било целосно згрчено.