14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп задоволен од епилогот на насилните протести во Франција

Американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ ликува поради проблемите на својот француски колега Емануел Макрон поврзани со насилните протести против зголемувањето на данокот за гориво во Франција.

„Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и демонстрантите во Париз се согласија со мојот заклучок пред две години“, напиша Трамп на „Твитер“.

„Парискиот договор за климата има големи недостатоци бидејќи ги зголемува цените на енергенсите за одговорните земји, а од друга страна, прикрива некои од најголемите загадувачи“, порача Трамп осврнувајќи се на глобалниот договор потпишан во Париз во 2015 година.

Претходно, неделава, францускиот премиер Едуард Филип одлучи да го одложи зголемувањето на данокот за гориво за најмалку шест месеци како одговор на неколкунеделните и честопати насилни протести, а тој потег стана првата голема отстапка во политиката на администрацијата на Макрон.

Спонзорирано: