9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото не престанува да се тресе: Земјотрес од 5.5 степени според рихтер вечерва го погоди Чиле

Земјотрес, кој според првичните информации е со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, го погоди главениот град на Чиле, Сантјаго.

Сè уште нема извештаи за жртви или материјална штета.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот се случил во попладневните часови по локално време и дека епицентарот бил девет километри југозападно од крајбрежниот град Сан Антонио.

Очевидци велат дека зградите се треселе во центарот на Сантјаго, но и дека земјотресот се почувствувал до пристаништето Валпараисо, кое се наоѓа 105 километри северозападно од главниот град.

Спонзорирано: