10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Искрена исповед: Работам во Германија по 14 часа дневно, гладна сум, ненаспана и скршена

Понекогаш плановите за подобар живот во странство паѓаат како кула од карти..

Порталот „Експрес.хр“ пренесе приказна на Хрватка на привремена работа во Германија која живее во маѓепсан круг на кредити, долгови и немаштија. Сакала да остане анонимна, а ова е нејзината приказна:

– Во Германија сум година и половина. Се одеше по својот тек; работев сè и сешто за таа плата, која ми беше сигурност за моите деца кои се во Хрватска.

Кога станав кредитно способна, подигнав кредит за да ги платам долговите во Хрватска, од времето кога работев со месеци без плата. Сите кои тоа го поминале знаат за што зборувам; деца, училиште, сметки, карти, останатото да не го набројувам.

-Моите почнуваат кога пред пет месеци ја променив работата. Работниот ден дотогаш ми траеше од шест часот наутро до навечер, но пред 20 часот не завршуваше. Помеѓу смената пауза од еден или два (но тоа не е пауза како секаде туку друга работа затоа што фирмата така бара), без ниту еден слободен ден, или недај Господ, викенд.

Дојдов до фаза кога спиев седејки, а работата беше таква што морав да бидам сконцентрирана максимално. Некогаш успевав да зготвам супа и тоа ако имав сила после работата. Претежно гладна, ненаспана, скршена и психички и физички, тоа го трпев пет месеци пред да дадам отказ. Тука почнуваат моите маки.

Поранешната фирма испрати допис дека ќе ми ја испалатат платата, секако, која никогаш не се најде на мојата сметка ниту пак ми ја вратија мојата диплома. Но јас во рок од пет дена почнав да работам во друга фирма. И требаше да работам два месеци без евро.

Станот во кој живеев редовно го плаќав додека моите примања беа редовни, за да сопственикот на крај дознае дека сум дала отказ во таа фирма и ми кажа дека морам да се одселам или ќе ми ја зголеми киријата, затоа што знаеше дека немам излез. На тоа и се согласив.

Киријата треба да се плати, дома во Хрватска треба да се плати, кредитот чека, карта за С-бан… За храна нема ни збор, а мојата плата која крваво и чесно ја заработив, ја нема, ја завршува својата исповед.

Спонзорирано: