Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
Италијанската влада се надева дека во последен момент ќе избегне казнени мерки на Европската Унија, поради расипничниот буџет, но истовремено ѝ се заканува и економски проблем од поголеми размери.
Со рекордно високиот степен на наталитет и големиот број млади луѓе кои не се вработени или се селат во странство, Италија стана држава која ги заборава младите, тврди Алесандро Росина, професор по демографија на Католичкиот универзитет „Свето Срце“ во Милано.
„Италија во 21 век главно го опишува начинот на кој помладата генерација се распаѓа до ниво кое не само што е загрижувачко, туку и срамно“ напишал Росина минатиот месец, за дневниот весник „Ла Република“.
Користејќи ги неодамна објавените официјални податоци, кои покажуваат дека степенот на наталитет падна на ново историско ниско ниво, Росина пресметал дека Италија е единствена држава во Европа каде има повеќе жители постари од 80 години отколку новороденчиња.