23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

(Видео) Митрески: Ставаме крај на репресивната политика, ги намалуваме казните

Репресивната казнена политика којашто во минатото беше селективна и служеше за притисоци, закани и за уништување на фирмите, ја менуваме со праведна казнена политика што ќе биде вистински коректив во работата на фирмите, изјави Јован Митрески, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Со новиот закон за прекршоци што е во владина процедура, додаде тој, се предвидува намалување на ригорозните казни за фирмите и граѓаните, ја засилуваме превенцијата со воведување на опомена пред казнување.

„За малите фирми, според новиот закон, минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за два и пол пати. Она што е особено важно што се укинува двојната санкција којашто се изрекуваше според постојниот Закон за прекршоци според кој трговец поединец се третираше како правно лице. Со новиот закон трговец поединец, и малите и микро фирми ќе се третираат според Законот за трговски друштва како физички лица и нема да плаќаат двојни казни, еднаш како физичко и еднаш како правно лице“, рече Митрески.

Тој појасни дека опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.

„Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес. Паралелно со ова, со Законот за извршување и Законот за нотаријат, закони што веќе се во собраниска процесура, драстично се намалуваат адвокатските, нотарските и трошоците за извршителите. Трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат од 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати“, рече Митрески.

Спонзорирано: