13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Премиерот на Шри Ланка оди на суд

Премиерот на Шри Ланка ќе се жали на судската одлуката привремено да им се забрани нему и на членовите на неговиот кабинет да ја извршуваат својата официјална должност, со што земјата е оставена без лидер.

Одлуката на Апелациониот суд на Шри Ланка донесена во понеделникот доаѓа кога премиерот Махинда Раџапакса одби да даде оставка и покрај тоа што двапати му беше изгласана недоверба минатиот месец.

Раџапакса рече дека во вторник ќе поднесе жалба до Врховниот суд, со која ќе бара одлуката да биде повлечена. „Ние не се согласуваме со одлуката на Апелациониот суд бидејќи уставните прашања се решаваат од страна на Врховниот суд“, напиша Раџапакса на „Твитер“.

Судијата, кој во понеделникот ја донесе одлуката, рече дека доколку Раџапакса и неговиот кабинет составен од 48 министри продолжат со работа, тоа би можело да нанесе непоправлива штета врз државата.

Спонзорирано: