11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Помпео: Трамп гради нов светски поредок

Американскиот претседател, Доналд Трамп, гради нов светски поредок кој ќе ги поттикне американското лидерство и демократијата, рекол американскиот државен секретар, Мајк Помпео, пред дипломатите на собир во Брисел обвинувајќи ги Иран и Кина за нестабилност во светот.

„Во најдобрата традиција на нашата голема демократија ја собираме нацијата во изградба на ново либерално потекло кое ќе спречува војна и ќе оствари поголем просперитет“, рекол Помпео.

„Под претседателот Трамп ние не ја напуштаме меѓународната лидерска позиција, ниту нашите пријатели во меѓународниот состав“, додал американскиот државен секретар.

Помпео ги критикувал Иран и Кина отфрлајќи ги наводите дека Вашингтон постапува еднострано.

Спонзорирано: