10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинет за 27 април: Ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, нареди да се следат обвинители од СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски, наредил да се следат обвинители од специјалното јавно обвинителство додека траеле протестите на „За заедничка Македонија“, што се одржуваа лани пред Собранието, тврди Михаил Младеновски, обвинет за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

„Додека се одвиваа протестите, по насоки на ексдиректорот на УБК и Никола Бошкоски (поранешен вработен во УБК, кој е обвинет во предмети на СЈО, а е во бегство во Грција), му беа дадени инструкции на Александар Василевски – Нинџа (обвинет за крвавиот четврток) да бидат следени одредени лица. Негови констатации за државни непријатели. Тука беа следени обвинители од СЈО, сликани, документирани“, рече тој пред судот.

Според тврдењата на Младеновски, бил следен и Кире Наумов, кој беше дополнителен заменик-министер за финансии бидејќи, како што рече Младеновски, имало информации дека е склон кон алкохол, кон малолетни девојчиња и дека треба да му се конструира афера со слики во јавен објект.

Виктор Јованов

(Макфакс)

Спонзорирано: