3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Доцна вечерва протекоа детали за апсењето на високиот екс-функционер

Екс – шефот на УБК, Владимир Атанасовски, кој вечерва како што објави CENTAR.MK беше уапсен, е под сомнение дека сторил кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1 од Кривичниот законик, информираат доцна вечерва од Основното Јавно Обвинителство.

За Атанасовски е побарана мерка притвор.

Инаку според сознанија на CENTAR.MK во моментов во тек е сослушување на Атанасовски.

Неговото апсење доаѓа по вчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Спонзорирано: