19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Закани по живот до министерот Салвини: „На врат имаш тројца Албанци“

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини добил заканувачка порака, која ја објавил на Инстаграм, пренесе тиранската телевизија Ора њуз.

Анонимното писмо пристигнало во седиштето на Министерството за внатрешни работи.

На лош италијански јазик пишува „На врат имаш тројца Албанци,ќе бидеш убиен,ти си свиња,геј…“

Министерот Салвини во својот коментар напишал „Одам напред во мојата работа, бакнежи и прегратки“.

Спонзорирано: