10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Истрагата ќе покаже кој ја дал наредбата за прислушувањата

Истрагата ќе покаже кој дал наредба во телефонските централи да се вгради систем за прислушкување, изјави на прес-конференција премиерот Зоран Заев во врска со прислушувањата во Јавното обвинителство и Основниот суд.

Заев појасни дека раководното лице во институцијата одлучува што ќе се употребува од вградената телефонска централа.

„Самиот претседател на суд, шеф на обвинителство, министер, премиер или кој било одлучува што од тоа употребува или не. Начинот на донесувањето на одлуката дека тоа се употребува, односно се става на снимање е кривично дело, и вториот дел начинот на користење на тоа е уште поголема злоупотреба. Истрагата треба да покаже навистина каде соодветното раководно лице дало наредба да се употреби односно да се вгради и вториот дел и каде е тоа употребувано“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека системот во Основниот суд Скопје 1 се уште не е ставен во фунцкција, но системот е вграден. Дополни дека за случајот со Обвинителството треба да се изјасни државниот јавен обвинител, а така ќе биде и за секоја јавна институција.

Министерката за правда, Рената Тренеска Десковска, во врска со оваа тема рече дека и во Министерството за правда пред две до три години била набавена телефонска централа. Таа посочи дека телефонската централа во Основниот суд Скопје била набавена преку Министерството за правда додека министер бил Валдет Џафери.

„Сите документи коишто се во рамки на Министерството за правда ќе бидат доставени до надлежните органи. Согласно истражната постапка ќе се види кај кого ќе треба да се бара одговорност и каков тип на одговорност ќе следи“, вели Дескоска и додава дека по истрагата, ќе ги објавите деталите.

Спонзорирано: