10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Претходната власт организираше „лотарија за вработувања“

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да зборува за партизација на инстутциите, кога тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ што од Министерството за внатрешни работи направи ВМРО-МВРО по признание на тогашната министерка од нивните редови. Ваква е реакцијата на СДСМ, по прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини за партиски вработувања во администрацијата.

„Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кадешто никој друг, туку директно нивниот поранешен претседател ургирал за „заслужени“ вработувања на членови, за што јавноста дозна преку доказите објавени во судските рочишта. Неодговорно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за професионализација кога токму истото ВМРО-ДПМНЕ организираше „лотарија за вработувања“ и преку реално шоу без никакви критериуми вработуваше луѓе во Македонски шуми“, наведе СДСМ во реакцијата.

СДСМ тврди дека институциите денес работат професионално, независно и во интерес на граѓаните. Процесите на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

Спонзорирано: