10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Што знае Мицкоски за прислушкувањата?

Наместо да се крие зад празни прес конференции, Мицкоски да одговори за неговата улога, што знаел за нелегалното прислушување, порачува СДСМ во реакција по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана. Особено што во времето кога избива најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски станува советник на Груевски а бил и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ“, вели СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека истрагата започната од надлежните институции ќе открие кој ја купил, поставил и користел опремата за прислушување, поставена уште во 2013 година.

Спонзорирано: