7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Пратениците да го следат интересот на граѓаните, референдумот беше успешен

Премиерот, Зоран Заев во Собранието истакна дека уставните амандмани ќе бидат дел од Уставот само ако Грција ја изгласа спогодбата и го поддржи Протоколот за пристапување во НАТО. Тој ги повика пратениците да ги поддржат измените произлезени од преспанскиот договор и да ги следат интересите на граѓаните.

„Да не го претвораме Собранието во форум за непријателско ривалство и несогласување за сметка на интересите на граѓаните и за сметка на иднината на државата и нашето општество“, рече Заев кој додаде дека оваа година и следната се клучни за евроинтеграциските процеси.

Порача дека одлуките треба да се носат со инклузивност, а политичките решенија треба да дојдат не само од власта, туку и од опозицијата.

Заев заклучи дека реферндумот бил успешен, но одлуката не е донесена.

„Референдумот е успешен, а одлуката не е донесена. Може ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде утре на власт, што потоа? Нема друго, туку ќе се донесе истиот договор. Да не ја кочиме Македонија. Мицкоски, вашиот претседател, зборувал насекаде ќе го помогне овој процес, ако не друго затоа што е за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“, рече Заев.

Претходно координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара точката да амадманите да не биде на дневниот ред бидејќи, како што рече, предлогот е противуставен, а референдумот не е успешен. Предлогот на Мицевски со 61 глас против не беше прифатен од страна на владејачкото мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ во текот на седницата упати забелешка до претседателот на Собранието Талат Џафери бидејќи независната пратеничка група, ја ословувал со името на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието на Република Македонија денеска расправа за текстот на четирите нацрт-амандмани.

Спонзорирано: