(Видео) Протест на „Македонија блокира“: Ќе останеме тука до Нова Година

Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ протестираше пред Собранието.

Пред законодавниот дом ечеа патриотски песни, а собраните облечени во „жолти елеци“, бараа распуштање на власта. Тие ја интонираа македонската химна и порачаа дека ќе ја дочекаат и Новата Година тука и ќе постават шатори.

Ја критикуваа двојната ограда што беше поставена на булеварот пред Собранието, а кажаа и дека била исклучена струјата.

„Се уклучивме на ГТЦ но и од таму ни ја исклучија струјата. Отидовме во продавница купивме агрегат и сега имаме струја да зборуваме на говорница“, кажаа на протестот пред Собранието.

Говорниците на протестот ги повикаа осумте пратеници кои ги поддржаа уставните измени да им се приклучат бидејќи, како што велат, немаат причина да стравуваат.

Околу Законодавниот дом беа распоредени припадниците на полицијата, додека внатре се води дебатата за Уставните амандмани.

(Makfax)

Во тренд…