15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го потресе Енкориџ, најголемиот град во американската сојузна држава Алјаска.

Сеизмичката служба на САД објави дека епицентарот на земјотресот, кој ја погодил Алјаска во утринските часови по локално време, бил околу 12 километри северно од Енкориџ.

Новинар на агенцијата АП, кој работел во центарот на Енкориџ, соопшти дека по потресот, видел пукнатини во двокатната зграда. Сè уште нема информации за жртви во земјотресот.

Од земјотресот се треселе зградите, а луѓето побегнале од своите станови и канцеларии, објави „Асошиетед прес“.

Набргу потоа било издадено и предупредување за можност од цунами во крајбрежните области на јужниот дел на Алјаска.

Спонзорирано: