13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Прекинато судењето за „Титаник“ – Итна помош пред судот

На денешното судско рочиште за предметот за изборни измами „Титаник“ беа прочитани СМС-пораки меѓу обвинетите Никола Груевски, кој е во бегство, и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во СМС-комуникацијата Грувески ѝ пишал на Јанкулоска дека пред изборите во 2011 година треба да заврши со вработувања на членови на партијата.

„На 14 се распуштаме, а ако сакаме и на 15. Погрижи се да завршиме со вработувањата”, ѝ пишал Груевски на Јанкулоска во април 2011 година.

Експремиерот Груевски и’ препраќал СМС-пораки на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои тој ги добил од членови од партија, кои биле незадоволни дека не се вработени во МВР.

„Господине Груевски, Ве молам помогнете ми. Од 2006 година чекам вработување во МВР, имам поминато на општински комитет, но вработија друг“.

„Се случува хаос со вработувањата. Бев на советничка листа, но не можам да дојдам на ред за вработување. Вработуваат роднини“, пишува во пораките што ги добил Груевски, а тој ѝ ги препраќа на Јанкулоска.

Груевски ѝ кажува на Јанкулоска дека на терен сообраќајната полиција пишувала многу казни и дека треба да се прекине до изборите.

Во СМС-комуникацијата Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска се допишувале за слабата излезеност во дијаспората.

Судењето беше прекинато бидејќи му се слоши на обвинетиот Мунир Пепиќ, кој му се пожали на судијата Осман Шабани дека од утрово не се чувствувал добро, имал гушење.

Пред судот дојде и возило на Итната медицинска помош.

Спонзорирано: