19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на Фејсбук: „Подобро згоден, отколку паметен“

На гала вечерта која се одржа во Тренд Гастро Бар, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 10-те најуспешни Мажи во Македонија за 2018 година.

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров.

По добивањето на наградата Димитров се огласи на Фејсбук:

„Подобро згоден, отколку паметен, се тешев вчера пред колегите. Само што наградата не е за згоден, туку за маж со најдобар стил, ми велат. Кога отидов на настанот, видов едно чудо подотерани од мене. Веројатно жирито избирало меѓу мажи политичари. Е сега за стил меѓу нив, што е право, право си е, не сум лош.

Убава дружба, благодарност до жирито и до организаторите!“, напиша Димитров на Фејсбук.

Спонзорирано: