20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: Долго време предупредувавме дека има паралелни системи за прислушување

Демократскиот сојуз преку соопштение најостро го осуди неовластеното прислушување на Јавното обвинителство, државен орган, кој како што наведуваат оттаму, треба да ги открива и гони сторителите на кривични дела.

Демократскиот сојуз бара енергична и ефикасна истрага и повикуваат инволвираните во овој скандал да понесат одговорност.

„Демократскиот сојуз подолго време предупредува дека има информации кои укажуваат на тоа дека постојат паралени системи за прислушување и дека се врши прислушување надвор од овластените институции (МВР, ЈО, судовите итн). Овие системи се инсталирани пред промената на власта и информациите од нив, најверојатно, се користат од криминално-политичкото подземје“, се наведува во партиското соопштение.

Од оваа политичка партија посочуваат дека МВР во согласност со надлежностите и во соработка со другите институции, мора да ги преземе сите законски мерки за да се заштитат институциите и граѓаните од неовластено прислушување.

Спонзорирано: