21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Илустрација
СВЕТ

Жител на Хамбург повикал противпожарна служба мислејќи дека зајдисонцето е пожар

Кога сонцето заоѓало во Хамбург во вторникот небото станало розово. Но, ова огнено зајдисонце исплашило жител на градот до тој степен што ја повикал противпожарната бригада.

Човекот од округот Лангенхорн на Винтерхуде во Хамбург предизвикал паника откако се посомневал дека розовите облаци на небото можеби се од огромен пожар во неговото соседство, пренесе „Хамбургер моргенпост“.

Полицајците во центарот за итни повици веднаш испратиле противпожарната бригада до наводниот пожар, но на местото на настанот пожарникарите утврдиле дека нема пожар и дека станува збор за огнените бои на зајдисонцето.

Портпаролот на противпожарната бригада изјавил за весникот дека секогаш е подобро и залудно да се појават отколку да задоцнат и дека не е проблем жителите да се јават во службите за итни случаи ако веруваат дека постои опасност.

„Се разбира дека ние реагираме кога некој граѓанин бара помош, дури и ако е, како што е случај сегај, лажен аларм”, рече тој. „Подобро е да свртите 112 прерано отколку предоцна.”

Портпаролот додаде дека луѓето често се збунуваат од зајдисонцата кога се со особено силни бои и ги предупредуваат службите за итни случаи. Природниот спектакл, сепак, не е ништо невообичаено, рече метеоролог од германската метеоролошка служба.

Спонзорирано: