20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Јанушев: Протестниот марш е против црнилата на СДСМ и Владата на Заев

За година и половина власт нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофалат, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Во една ваква една ситуација, не е само наше право, туку пред сè е наша обврска да се спротивставиме на овие црнила. Токму затоа денес ќе се протестира. Протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев“, рече Јанушев.

Тој рече дека денешниот протестен марш е против разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ, поради промената на името која влада ја турка и срамниот договор и поради идентитетот што го деградираат и загрозуваат, поради политичкиот прогон што власта го спроведува, политичките апсења и монтираните случаи, како и поради неразјаснетите убиства.

„Затоа секој еден кој се пронаоѓа во една од овие причини го повикуваме да ни се приклучи на протесниот марш кој започнува од плоштадот ВМРО до пред владата на Република Македонија денеска со почеток во 17 часот. Ја даваме раката, затоа што сите граѓани делат исти маки и проблеми, сите граѓани од сите националности и вери. И нема да застанеме тука, ќе продолжиме со протесните маршеви и собири во наредниот период во Скопје, но и во останатите градови од нашата држава. Ќе продолжиме сè до конечната победа“, рече Јанушев.

Спонзорирано: