13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Интелигенцијата не ми дозволува да верувам во климатски промени

Научниците остро реагираа на тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека тој не спаѓа во оние кои веруваат во опасноста од глобалните промени.

Неговата администрација минатата недела објави извештај на 13 федерални агенции, кои ја претставија опасноста од влијанието на климатските промени врз животот на Американците.

„Еден од проблемите на луѓето каков што сум јас е нашата натпросечна интелигенција, но тоа не значи дека веруваме“, изјави Трамп за „Вашингтон пост“.

„Независно од тоа дали штетата ја направил човекот или не и дали штетните ефекти се вистинити или не, јас тоа едноставно не го гледам“, додаде Трамп.

Тој додаде дека во моментов во САД водата и воздухот се почисти од кога било и ги критикуваше земјите како Кина, Русија, Јужна Америка дека кај нив воздухот е неверојатно загаден.

Извештај од Белата куќа предупреди дека порастот на температурите веќе прави штета во САД, а ограничувањето на гасовите што создаваат ефекти на стаклена градина значително би придонеле во американската економија.

Професорот по атмосферски науки од Универзитетот во Тексас, Ендрју Деслер, ги опиша коментарите на претседателот на САД како идиотски.

Спонзорирано: