13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Руска мисица стана кралица на Малезија

Оксана Воеводина, поранешна мис на Москва, стана новата кралица на Малезија откако премина во ислам и се омажи за нивниот крал Мохамед Петти, кој е на тронот од 2016 година.

Оксана Воеводина има 25 години, а од својот сопруг е помлада 24 години. По освојувањето на титулата мис на Москва во 2015 година, таа работеше како модел во Кина и Тајланд, па се претпоставува дека двојката се запознала таму.
Венчавката се одржа на 22 ноември во Москва. Младоженецот бил облечен во традиционална малезиска облека, додека невестата носела обичен венчален фустан. Подоцна на социјалните мрежи таа објави фотографијата на која носи хиџаб.

Неколку месеци пред венчавката невестата премина во ислам, а на свадбата се служела халал храна без алкохол. Исто така го зела муслиманското име Рихана и сега ќе се вика Рихана Оксана Горбатенко, пишуваат медиумите од Куала Лумпур.

Спонзорирано: