12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Работниците во Грција штрајкуваат, сообраќајот во прекин

Поради 24-часовниот штрајк на работниците во Грција, денеска во прекин се железничкиот и поморскиот сообраќај, како и јавниот градски превоз во Атина.

Не сообраќаат ниту траектите помеѓу грчките острови и копна.

Штрајкот е во организација на синдикатите од приватниот сектор, поради острите мерки за штедење на грчката влада.

Планирани се и помали одвоени протестни маршови до парламентот во Атина, пренесе АП.

Синдикатите бараат од владата да ја укине уредбата за намалување на платите и пензиите воведена по барање на меѓународните кредитори, за време на осумгодишната програма за финансиско спасување на Грција.

Програмата формално заврши во август, но се очекува мерките да останат на сила уште неколку години, за да се осигура дека Грција ќе задржи избалансиран буџет и ќе ги врати нејзините долгови.

Спонзорирано: