3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Паркингот кај „Холидеј ин“ престанува со работа

Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор од значење за Републиката денеска одлучил паркингот во центар кај хотелот „Холидеј ин“ да престане со работа.

„Основната причина е новонастаната состојба поради која нашето АД е оневозможено да стопанисува со паркингот. Како што АДСДП веќе ја информира јавноста, повеќето од просторот на паркингот кај хотелот ‘Холидеј ин’ им е вратен на повеќе сопственици, меѓу кои е и МПЦ. Некои од нив, меѓу кои и МПЦ, ги отуѓија на приватен инвеститор обезбедувајќи повеќе од 30 отсто од вкупната површина што, според Законот за градбата, е основа за дооформување на целокупната урбанистичка парцела“, пишува во соопштението на АДСДП.

Оттаму информираат дека сите лица што за користење на услугите на паркингот имаат извадено месечни или годишни билети, ќе може да ги пренаменат за трите катни гаражи на АДСДП, кои се исто така лоцирани во центарот на Скопје („Солунски конгерс“, „Разловечко востание“ и „Кресненско востание“).

Граѓаните треба да го запазат рокот на нивното издавање, односно тој не смее да биде истечен. Вадењето на овие билети ќе биде на трошок на АДСДП.