Општина Гази Баба е прва општина што доби aжуриран катастар на загадувачи

Општина Гази Баба е првата општина што доби aжуриран катастар на загадувачи на нејзина територија, информираат преку соопштение од општината.

Експерти од друштвото за технолошки и лабораториски испитувања, проектирање и услуги „Технолаб” направија детална анализа по барање на општината кои се причините и најголемите загадувачи во Гази Баба.
„Врз основа на оваа квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад, ќе биде моќна алатка за Општина Гази Баба според своите ингеренции, на терен да се справи со потенцијалните загадувачи како на воздухот, така и на животната средина воопшто, за потоа да може и да се одржува чиста животна средина“, стои во соопштението на општината.

Финалниот извештај денеска беше презентиран пред градоначалникот Борис Георгиевски, а за сите заинтересирани граѓани кои детално ќе сакаат да се запознаат со ова истражување ќе биде организирана јавна презентација во првата половина на декември.