15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Јутјуб“ укинува опција непопуларна за многу корисници на платформата

„Јутјуб“ конечно ја укинува Annotations, односно опцијата за текстуални пораки и прозорци во кои креаторите на содржини ги промовираа своите други видеоклипови и кои се појавуваа не само на крајот туку и во средината на видеото, всушност секогаш кога креаторите сметале дека тоа е во ред.

Според корисниците, понекогаш е во ред да се видат вакви известувања, но во повеќето случаи не, така што многумина не жалат што оваа опција, која веќе некое време е на пауза, сега ќе биде целосно исклучена.

Од јануари 2019 година содржината Annotations ќе замине во пензија, а сите досегашни пораки испишани на видеата кои рекламираат други содржини ќе исчезнат.

Спонзорирано: