13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција и Германија против нови санкции за Русија поради инцидентот во теснецот Керч

Австрија ја разгледува можноста за нови санкции против Русија поради запленувањето на три украински воени брода кои пловеа кон теснецот Керч, што Москва го протолкува како недвосмислена провокација изведена со кршење на меѓународното право.

На таен состанок на Комитетот за политички и безбедносни прашања во Брисел во вторникот, француските и германските дипломати разговарале за засилување на постојните санкции на ЕУ против Русија по зголемениот јаз меѓу Москва и Киев поради инцидентот во Керч , објави „Ди Велт“.

Тие сметаат дека е од суштинско значење да се преземат мерки за градење доверба кои не вклучуваат санкции. Наместо тоа, германската и француската влада сакаат да продолжат со дипломатските напори, земајќи ја предвид ОБСЕ, која може да игра клучна улога во решавањето на спорот во Керч.

Претходно неделава, германскиот шеф на дипломатија, Хајко Маас, предложи француско-германско посредување во решавањето на најновата криза меѓу Москва и Киев откако Украина побара воена поддршка од своите западни сојузници.

„Мора да сториме сé за да постигнеме деескалација за да се спречи кризата да стане многу посериозна опасност за безбедноста на Европа”, рече Маас.

На заедничката прес-конференција со својот француски колега Жан-Ив ле Дриан, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, инсистираше дека нема потреба од медијација бидејќи владите на Русија и Украина се способни сами да го решат проблемот.

„Ако украинската страна и нејзините партнери во Европа се заинтересирани да не се случуваат такви инциденти, во Киев мора да се испрати многу силен сигнал. И не од Русија, туку од оние земји кои имаат многу блиски контакти со украинските власти за да осигураат дека таквите провокации повеќе нема да се случуваат”, рече тој.

Во меѓувреме, Норберт Роетген, член на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), рече дека не може да отфрли построги санкции за Русија.

„Засега не се зборува за построги санкции, но генерално не би го отфрлиле ова. Според мое мислење, таквото однесување не може да остане без последици и не мислам дека треба да се каже дека нема да има понатамошни санкции “, рече тој.

Спонзорирано: