20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Иванов си заминува: Кој ќе биде новиот Претседател на Македонија?

Се бројат деновите од мандатот на Ѓорге Иванов, претседател во два наврати на Република Македонија, со што ја исполни законската норма дека повеќе од два мандати едно по друго не може да се кандидира за оваа престижна функција во Македонија.

Колку ќе има жестина во трката за нов претседател засега не може да се знае, со оглед дека веќе со години е јасно, дека за претседател најголеми шанси има да биде избрана личност која ќе биде предложена од двете најмоќни партии во македонскиот и албанскиот табор.

Што повеќе наближува денот за избори, се помали се изгледите дека ВМРО ДПМНЕ ќе успее повторно да ги освои – трет пат по ред. Пред се поради тоа што гласачкото тело на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период со чистката е доста намалено од една страна, но и немањето на коалициски капацитет со албанскиот фактор од друга страна.

 

Ќе биде трка за излезност

Доколку се оддржуваат само претседателски избори, факт е дека овој тип избори не се атрактивни за граѓаните, па затоа и бројката на излезени гласачи во споредба со парламентарни избори ќе биде различна, се разбира доколку не се создадат услови за предвремени парламентарни избори и претседателски заедно, на ист датум, на пролет.

За излезноста ќе влијае и големата бројка на иселени граѓани во последниве 10-тина години. Нешто што е тренд во екс-југословенските републики и продолжува со забрзано темпо да ги ситни народите од некогашна Југославија.

 

Претседателските многу битни за реформите

Претседателските избори ќе бидат многу битни за реформите. За претседател треба да биде избран човек кој нема да ги кочи активностите за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО и не само тоа, тој треба да биде моторот на тие реформи, силата и енергијата кон овој пат кој сме го избрале како држава.

-Претседателот ќе биде и многу битен фактор за идните помирувања со некогаш раскараната Македонија, тој треба да биде ликот на државата, затоа треба да бидеме мудри при изборот, велат познавачите,

Видовме многу пропусти во Законските надлежности, нејасно дефинирани закони поради кои се направија такви забуни што Македонија и покрај што имаше обезбедено мнозинство со месеци не можеше да формира Влада, а потоа за прв пат беше искористено и нешто што во јавноста беше окарактеризирано како џебно вето со цел да се спречи донесувањето на Законот за јазиците. Законот за јазиците се уште не е донесен, но што ако утре некој претседател не сака да го потпише буџетот или некој многу важен Закон од кој ќе се определува судбината на целата држава?

Сето ова според аналитиачрите мора да биде добро разгледано и јасно и концизно да бидат дефинирани надлежностите на новиот Претседател. Што може, а што не, сето тоа да биде јасно и недвосмислено.

 

Претседател да се бира во Собрание

Се повеќе држави кои имаат Влади, своите претседатели ги бираат во своите Парламенти со оглед на нивната престижна, но не многу моќна функција.

Токму поради тоа треба да се разгледа и можноста Претседател да се бира во Парламентот, со оглед дека Македонија како држава нема претседателски управен систем.

 

Шекеринска, Пендаровски, Малески – имиња кои се вртат за нов Претседател

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска како прва дама претседател, Стево Пендаровски – националниот советник за НАТО кој еднаш се проба на претседателски избори и доби над 430 илјади гласови, но загуби од Иванов на сомнителните претседателски избори во 2014-та, но и Денко Малески се дел од имињата кои се вртат како можни идни предлози од владејачкото мнозинство.

Буквално сите овие луѓе, би биле консензуални, бидејќи сите важат за демократи, кои немаат проблем со малцинствата во Македонија и би биле поддржани од страна на албанскиот фактор.

 

Заев: Немам намера да се кандидирам за претседател на државата

Премиерот Зоран Заев изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.

Одговорајќи на новинарски прашања на маргините од регионалниот форум за Истанбулската конвенција, Заев рече дека не би прифатил да се кандидира за претседател и смета дека треба да го истера целиот премиерски мандат, кој му го дале граѓаните. Истовреме, тој изрази уверување дека има многи подобри претседателски кандидати од него.

„Одговорноста пред граѓаните и моите ставови се дека треба да се истера цел мандат, да се даде шанса на економијата, да се даде шанса на реформите, на целиот овој процес. Конечно Македонија заслужува еден цел мандат“, рече Заев.

Спонзорирано: