3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската комисија побара од Русија да ги ослободи украинските бродови

Европската комисија побара од Русија да ги ослободи трите украински брода што беа запленети во неделата во близина на полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија во 2014 година.

„Ројтерс“ објави дека портпаролката на Европската комисија истакнала дека ЕУ не го признава руското припојување на Крим и изјавила дека Русија е должна итно да го одблокира теснецот Керч.

Денеска украинскиот парламент треба да го разгледа барањето на претседателот Петро Порошенко за воведување вонредна состојба.

Украинската морнарица изјави дека шест морнари биле повредени во неделата кога руската крајбрежна стража во близина на теснецот Керч отвори оган врз три украински брода, а потоа и ги заплени.

Киев тврди дека украинските бродови ги почитувале правилата на меѓународниот поморски закон кога се упатиле кон Азовското Море.

Русија соопшти дека украинските бродови немале дозвола да поминат преку Керч, кој го дели Крим од руското копно. Официјална Москва упати предупредување до Киев за можни последици со кои ќе се соочи по обидот за провоцирање конфликт, откако украински бродови нелегално влегоа во руските територијални води, пренесе „Раша тудеј“.