15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Арсовски: Протестот во среда е поддршка за македонските патриоти приведени поради 27 април

СДСМ изминативе година и пол ја зацрни Македонија, a криминалната Влада ги стави под контрола сите државни институции и секојдневно ги користи за остварување свои лични политички цели, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што додаде тој, навршува точно една година од приведувањето на невини патриоти и родољуби кои на 27. април се нашле во Собранието од патриотски побуди.

„Невини патриоти понесени од патриотски причини и побуди, актери, глумци, оперски пејачи, режисери, уметници, пратеници, полициски службеници кои си ја извршувале професионално својата должност и сите останати граѓани година и пол го трпат изживувањето од страна на СДСМ дека организирале измислен тероризам. Овие луѓе имаат единствен грев, а тоа е што си ја сакаат државата“, истакна Арсовски.

Партискиот портпарол најави дека по тој повод, ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица на точно 1 година од приведувањето на овие луѓе, на 28 ноември односно оваа среда.

„Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од Плоштад ВМРО и ќе заврши пред владата на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат да застанеме на патот на оваа антинародна и криминална влада предводена од СДСМ“, порача Арсовски и додаде дека СДСМ мора да падне, а граѓаните да истраат во борбата против црнилото.

Спонзорирано: