15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата пронајде сеф полн со девизи од поткуп за бугарски пасоши

Бугарската полиција му ги пронајде парите за поткуп за издавање на бугарски пасоши во странство на поранешниот секретар на Државната агенција за Бугарите во странство.

Од сефот на Красимир Томов се преброени 564 илјади лева, или околу 300.000 евра.

Во купот од девизи имало долари, евра и фунти.

Томов бил задолжен за чување и криење на парите, а покрај него, во притвор е и директорот на агенцијата, Петар Харалампиев.

Ова за јавниот обвинител се повеќе од цврсти докази. Засега нема индиции дека дел од овие пари биле наменети и за политичари од висок ранг.

Спонзорирано: