3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКС

Таа го оставила бидејќи бил сиромашен, зажалила кога го видела по точно десет години

Поучна приказна за двајца млади која дефинитивно ќе ви отвори една нова димензија во размислувањата.

Факт е дека животот е навистина многу краток и дека не треба да ги гледаме луѓето според нивната материјална состојба, бидејќи сведоци сме како животот е круг, денес си горе, утре долу… и некогаш вистински дознаваме кој навистина е на нашата страна.

Младо момче се заљубило во ќерката на познат бизнисмен и богаташ од големи размери.

Тој целосно маѓепсан и со искрено срце, одлучил да ја запроси, но девојката му удрила студен туш и го одбила.

„Па твојата месечна плата… толку трошам јас во еден ден! И ти очекуваш да се омажам за некој како тебе? Никогаш не би можела да те сакам, заборави, најди си некоја од твоја лига.“, рекла таа…

Иако бил ужасно разочаран, од некоја причина не можел да ја исфрли од глава. Поминале десет години и повторно се сретнале, во некој шопинг центар. Нормално бидејќи и многу ја сакал, не ја заборавил.

Веднаш го препознала и го поздравила, не се сменил многу.

„Еј, па тоа си ти! Како си? Јас се омажив, паметен е и заработува многу, вистински маж. А што е со тебе?“

Ги задржал солзите бидејќи му се вратиле спомените на нејзините зборови… се сетил дека некогаш навистина ја сакал.

После неколку моменти се појавил нејзиниот маж, малку изненаден од тоа со кого разговара жена му. „Господине? Добар ден! Гледам дека сте ја запознале жена ми?“

„Добар ден, господине…?“, му одговорил.

„Картер, шефе, се викам Картер. Драга, ова е мојот шеф, тој е сопственик на оној проект од 100 милиони за кој ти зборував!“

Жената само стоела зачудена. Откако се поздравиле, парот си заминал.

Откако поминал првичниот шок, го прашала сопругот: „Чекај, тој навистина ти е шеф?“

„Па да драга. Тој е многу скромен човек, но животната приказна му е тажна. Велат дека еднаш многу сакал една девојка, но го одбила бидејќи бил сиромашен. Затоа напорно работел и, бидејќи е навистина паметен, успеал и станал мултимилионер. За жал, никогаш не ја заборавил неа и никогаш не се оженил. Замисли како би реагирала таа ако сега го види!“, рекол нејзинот сопруг.

Се надеваме дека оваа поучна приказна, ќе ве натера, да ги гледате работите на поиаков начин. Факт е дека материјализмот станува секојдневие во нашите животи, гледаме луѓе на кои материјалните работи им се се’, но всушност вистината е многу поинаква. Ценети ги луѓето такви какви што сте, и не заборавајте ако денес сте горе, може за минута да сте долу во материјалниот свет и обратно, но вистинската љубов, лојалност и пријателство останува засекогаш без разлика колку има на вашето конто.