Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Турција: Трамп замижува пред убиството на Кашоги

Турските власти оценија дека изјавите на американскиот претседател за убиството на новинарот Џамал Кашоги укажуваат дека Доналд Трамп планира да ги затвори очите за овој случај.

„Трамп на некој начин вели дека замижува пред убиството на саудискиот новинар“, изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, за турскиот канал „Си-ен-ен Турк“.

Кашоги, колумнист на „Вашингтон пост“, беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отиде по документи.

Трамп неодамна рече дека ЦИА не успеала со сигурност да утврди дека саудискиот принц Мухамед бин Салман ја дал наредбата за убиството на новинарот. Претседателот на САД додаде дека убиството нема да влијае на беспрекорните односи помеѓу двете земји нагласувајќи дека би лудо да се откаже продажбата на оружје во вредност од 110 милијарди долари.

Чавушоглу во однос на оваа изјава истакна дека не е сѐ до парите и додаде дека Саудиска Арабија е важна и за Турција, но не може да се игнорира фактот дека е извршено планирано и гломорозно убиство.

Турските медиуми претходно пренесоа дека постојат сомнежи оти телото на Кашоги било распарчено и растопено во киселина за да се прикријат сите докази.

Во тренд…