10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Сопственик на „голф“ од 2012 година доби судски спор против „фолксваген“

Судот во германскиот град Аугсбург пресуди дека компанијата „фолксваген“ мора да обесштети сопственик на автомобил „голф“ купен во 2012 година во целосен износ на оригиналната цена, а поради скандалот со емисијата на штетни гасови, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Според пресудата на судот, „фолксваген“ дејствувал неморално со вградувањето автоматизиран софтвер за мамење на тестовите за емисии на штетни гасови со цел зголемување на продажбата и профитот на штета на клиентите.

Акциите на „фолксваген“ паднаа 1,6 отсто во утринското тргување на берзата во Франкфурт.

Спонзорирано: