Проја мафини со сирење: Брзо и лесно, а вкусно! (ВИДЕО)

Меки проја мафини кои брзо и едноставно се подготвуваат…

Состојки:

4 јајца;12 лажици пченкарно брашно;200 гр сирење;50 мл масло;100 мл млеко или јогурт;1/2 прашок за печиво

Начин на подготовка:

Јајцата изматете ги со миксер, додајте издробено сирење, масло, брашно измешано со прашок за печиво и јогурт.

Сè полека измешајте и ставете во калапи за мафини. Печете на 200 степени околу 30-40 минути убаво да порумени.

Послужете со сирење, јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!